Во рамките на досегашната соработка и техничката поддршка од страна на Германското друштво за техничка помош (ГТЗ), Институтот за акредитација на Република Македонија има реализирано повеќе активности меѓу кои:

  • изработка на новиот Закон за акредитација
  • организација на обуки 
  • формирање на Секторски комитети
  • меѓународни активности
  • промотивни активности,
 
Од промотивните активности особено сакаме да ја потенцираме поддршката на ГТЗ во изработка на новата интернет страница на ИАРМ.
Исто така, соработката со ГТЗ ќе продолжи и во наредните две години. За таа цел, ИАРМ под покровителство на Министерството за економија потпиша нов двогодишен Меморандум за соработка со ГТЗ (2010-2011). Предмет на овој Меморандум е имплементација на проектот за Интегрирање на техничките ЕУ директиви во областа на „Слободно движење на стоки“ и „Енергетика“ во рамките на развојната техничка соработка помеѓу Владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија. Во областа „Слободно движење на стоки“, проектот ќе биде главно насочен во имплементација на среднорочната стратегија за подобрување на инфраструктурата за квалитет во Република Македонија со компонентите стандардизација, акредитација, метрологија и надзор на пазарот, односно, поконкретно за Институтот за акредитација на Република Македонија, проектот вклучува поддршка на:
  • подобрување на редовните постапки и процедури за акредитација, главно преку обука на кадарот на институтот
  • подигање на јавната свест за акредитација
  • поддршка за изработка за секторски технички шеми за акредитација и секторски комитети за акредитација
  • поддршка при учество на вработените на селектирани настани