Институтот за акредитација на Република Македонија ќе биде домаќин на 36-от состанок на ЕА-МАК

 

Со особена чест и задоволство Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) ќе биде домаќин на 36-от состанок на Комитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација (ЕА-МАК).
 
Настанот, кој е од затворен карактер, ќе се одржува од 04 до 06 октомври 2016 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје и на истиот учество ќе земат 70 претставници од националните тела за акредитација на земји - полноправни и асоцијативни членки на Европската организација за акредитација (ЕА), преставници на Советодавното тело на ЕА и претставник од Европската комисија.
 
Темите за дискусија на состанокот ќе бидат одредени од страна на Секретаријатот на Европската организација за акредитација, додека на пленарниот дел настанот ќе биде поздравен од преставник на Министерството за економија.