Обука за вработените во ИАРМ на тема: ,, Општи барања за тела за акредитација кои што акредитираат тела за оцена на собразност MKC EN ISO/IEC 17011:2018”

 
Согласно Годишниот план за обуки на ИАРМ 2018/2019 година на 12 и 13 февруари 2019 г. во просториите на ИАРМ се одржа редовна обука за вработените на тема: ,,Општи барања за тела за акредитација кои што акредитираат тела за оцена на собразност MKC EN ISO/IEC 17011:2018”. Обуката беше организирана како прва воведна обука за запознавање со барањата на новото издание на Стандардот и редовен тим-билдинг за јакнење на капацитeтите на вработените во ИАРМ. Притоа беше даден осврт на суштински теми и прашања по однос на новините во барањата на стандардот, досегашното работење на ИАРМ по тековниот важечки стандард и издвојување на првичните круцијални документи од системот за управување со квалитет на ИАРМ за ревидирање, изменување, дополнување и носење на нови документи заради доследно усогласување на истите согласно барањата на стандардот. Обуката се реализираше преку богата интерактивна дискусија од страна на предавачите и учесниците - вработени во ИАРМ. Примарна цел на обуката беше воведно запознавање со барањата на Стандардот и определување на конкретни мерки и активности кои треба да се преземат заради обезбедување на услови за неговата практична примена во работата во ИАРМ. Крајната цел беше надградување на капацитетите на вработените согласно барањата на новото издание на Стандардот MKC EN ISO/IEC 17011:2018. На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.

 

 

ЈАВЕН ПОВИК