Обука за вработените во ИАРСМ на тема: ,,Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011:2018 и верификација на корективни мерки од интерна проверка”

 

 

Обука за вработените во ИАРСМ на тема: ,,Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011:2018 и верификација на корективни мерки од интерна проверка”

 

Согласно Годишниот план за обуки на ИАРМ 2018/2019 година во периодот 17-19 октомври 2019 г. во Охрид, се одржа обука за вработените во ИАРСМ на тема: ,,Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011:2018 и верификација на корективни мерки од интерна проверка”. Обуката беше организирана како последователна сесија од започнатата обука за запознавање со барањата на новото издание на стандардот, подготовка за негова практична имплементација во работењето на ИАРСМ, ревизија и надградба на системот за управување со квалитет, како и редовна обука за јакнење на капацитeтите на вработените. Обуката се реализираше преку плодна интерактивна дискусија од страна на предавачите и учесниците - вработени во ИАРСМ и интерните проверувачи, при што посебен акцент беше ставен на верификација на корективните мерки од изведената Интерна проверка согласно барањата на новото издание на стандардот, што резултираше со ревизија на Акцискиот план за спроведување на мерките. Примарна цел на обуката беше имплементација на барањата од стандардот и следење на реализацијата на конкретни мерки и активности за неговата практична примена во работата во ИАРСМ, во непосредна корелација со мерките и активностите што произлегоа од спроведената Интерна проверка. Крајната цел беше надградување на капацитетите на вработените согласно барањата на новото издание на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011:2018. На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати .

 

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК