Потпишување на Меморандуми за соработка со ИСРМ и БоМ

  

Овој настан беше искористен и за официјализирање на соработката помеѓу Институтот за акредитaција на Република Македонија (ИАРМ), Бирото за метрологија (БМ) и Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), со потпишување на Меморандуми за соработка. Меморандумите за соработка имаат за цел да ја унапредат соработката помеѓу ИАРМ, ИСРМ и БМ, и ги опфаќаат сите сегменти од акредитационите, метролошките и стандардизационите активности, за кои постои национален и заеднички интерес, раководејќи се од меѓународно прифатените принципи и препораки, како и националните законски акти во областа на акредитацијата, метрологијата и стандардизацијата. Потпишувањето на Меморандумите за соработка претставува голем чекор во процесот на изградба на националната инфраструктура за квалитет во Република Македонија.

На 5 март 2009 година, во клубот на Органите на управата (Клуб на пратеници) - Скопје, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) организираше свеченост по повод доделувањето на Сертификати за акредитација на акредитираните тела во 2008 година и почетокот на 2009 година.

 
 

Линкови

Министерство за економија

(http://www.economy.gov.mk/)


Институт за стандардизација на Република Македонија

(http://www.isrm.gov.mk/)


Биро за метрологија на Република Македонија

( http://www.bom.gov.mk/)


Комора на мали бизниси

(http://www.sbch.org.mk)