АКРЕДИТИРАНИ ТЕЛА 

Основните податоци за акредитираните тела од страна на ИАРМ (име, адреса/web адреса, регистраскиот број на акредитацијата, дата на доделување, последна промена и важност)  како и сите податоци за нивниот опсег на акредитација се претставени на соодветната страница. Страниците се уредени по типови на акредитирани органи:

               1.Лаборатории

                            –Лаборатории за тестирање

                            –Лаборатории за калибрација

                            –Медицински лаборатории

               2. Сертификациони тела

                         – СТ за системи за управување

                         – СТ за производи, процеси и услуги

               3.Инспекциски тела

Со добивање на акредитација, акредитираните тела добиваат право да го користат знакот за акредитација на своите сертификати, односно извештаи, но само за опсегот на активности  за кој имаат добиено акредитација. Доколку на сертификатите односно извештаиите издадени од акредитираните тела нема повикување на акредитација, тоа би значело дека се работи за активности за кои тоа тело нема добиено акредитација.
Барањата за повикување на акредитацијата и употреба на знакот за акредитација се подетално опишани во документот:
Правилник за барањата за повикување на (Р05)
Во продолжение се дадени формите и содржините на знаците за акредитација

Знак за акредитација на лабораторија за тестирање

Знак за акредитација на лабораторија за калибрација

Знак за акредитација на сертификационо тело

Знак за акредитација на инспекциско тело

Објаснување:
ХХХ: реден број од 001 до 999