ЗА ИНСТИТУТОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (ИАРСМ)
Своите функции и овластувања ИАРСМ ги врши согласно Законот за акредитација, Одлуката, Статутот и други акти на ИАРСМ, стандарди и прописи од областа на aкредитацијата. ИАРСМ е организиран и работи согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17011. При својата работа ИАРМ користи и други документи и упататсва на ЕА (European Cooperation for Accreditation) и меѓународните организации за акредитација ILAC (Intrenational Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (International Accreditation Forum), кои подетално ги разгледуваат горе наведените стандарди за одредни подрачја на акредитирање.
Мисија
Визија
Главната линија на визијата е ИАРСМ да создаде услови за пристап до меѓународните шеми за взаемно признавање на:
- сертификатите од калибрација;
- извештаите од тестирањето;
- сертификатите за оцена на сообразност; и
- сертификатите/извештаиите од инспекцијата.
Корисници
Цели
Принципи
- транспарентност и достапност;
- застапување на јавните интереси;
- доброволен карактер на акредитацијата;
- обезбедување на независност;
- непристрасност при водење на постапка за акредитација и при решавање на жалби;
- хармонизација и еквивалентност на постапките за акредитација со европските и меѓународните;
- обезбедување на недискриминација;
- градење на доверба кај клиентите;
- заштита на податоците;
- работење и донесување одлуки кои не се засновани на комерцијални интереси.
Улога
- лаборатории за тестирање (МКС EN ISO/IEC 17025)
- лаборатории за калибрација (МКС EN ISO/IEC 17025)
- инспекциски тела (МКС EN ISO/IEC 17020)
- сертификациони тела за :
- сертифицирање на производи (МКС EN 45011);
- сертифицирање на системи за управување (МКС EN ISO/IEC 17021);
- сертифицирање на лица (МКС EN ISO/IEC 17024);
- придонесува кон развојот на националната инфраструктура на квалитет;
- посредно придонесува кон подобрување на квалитетот на производите и услугите;
- зголемување на општата безбедност;
- ја подобрува конкуренцијата; и
- ја помага глобализацијата на економијата врз основа на чесна конкуренција.
Начин на раководење
ИАРСМ се зазема за изградба на транспарентна структура, јавна достапност на документите, признание од страна на корисниците за коректниот однос и навремено информирање. Изведување на акредитацијата се темели на стручност, транспарентност, независност, непристрасност и непрофитност. На тој начин ИАРСМ придонесува за напредок на Република Северна Македонија и согласно своите можности учествува во напредок на европската и меѓународната акредитација. Акредитацијата се изведува секогаш на барање на клиентот. ИАРСМ ја спроведува процедурата за акредитација врз основа на договор со кој се дефинираат меѓусебните права и обврски помеѓу ИАРСМ и клиентот/корисникот на услугата. Својата дејност ИАРСМ ја извршува на недискриминаторски начин, така што на секој корисник на услуга, којшто во процедурата за акредитација ќе покаже дека ги исполнува барања на стандардот според кој бара акредитација, му се издава сертификат за акредитација.