Учеството во меѓународните организации за акредитација (ЕА, ILAC, IAF) е една од нашите позначајни работи. Со учеството на претставници од ИАРМ во органите, стручните тела на ЕА кои по правило се состануваат два пати годишно, како и на работните состаноци на ИАРМ му се дава можност за непосредно вклучување во изградбата (насочувањето) и извршувањето на политиката за акредитација во Европа. Исто така примената на акредитационата пракса, за членките на меѓународните здруженија за акредитација претставува основа за потишување на договорот за взаемно признавање на акредитацијата. Овој договор претставува една од главните цели на секое тело за акредитација и истовремено претставува важен фактор за намалување на пречките во трговијата.
Главна задача на стручните тела на ЕА е хармонизација на постапките за акредитација за секое подрачје на акредитирање. Работните состаноци на комитетите овозможуваат и неформална размена на мислења за актуелни прашања во врска со акредитација и со нив поврзани активности, како на пример, промоција на акредитацијата.
Преставниците на ИАРМ активно учествуваат во работата на собранито на ЕА и на ЕА комитетите:
- EA General Assembly
- EA MAC EA – multi-lateral agreement committee
- EA CC – EA Certification Committee
- EA LC – EA Laboratory Committee
- IC – EA Inspection Committee
- EA CPC – EA Communication and Publication Committee
- EA HHC – EA Horizontal harmonisation committee
Покрај постојаните комитети во ЕА постојат и “ad hoc” работни групи во кои по правило учествуваат стручни лица за одредени технички области. Тие извршуваат стручни задачи, ги насочуваат стручните активности на комитетите на ЕА и подготвуваат различни документи и упатства.
Линкови до телата од регионална соработка:
АТS –Акредитационо тела на Србија
АТCG – Акредитационо тело на Црна Гора
HAA – Хрватска Агенција за Акредитација
DA –Акредитационо тело на Република Албанија
(www.albanianaccreditation.gov.al)
DAK-Акредитационо тело на Косово
TURKAK- Акредитационо тело на Република Турција
BAS – Акредитационо тело на Република Бугарија