Услови за
Условите што треба да ги исполнуваат телата за оцена на сообразност кои сакаат да се пријават за акредитација се подетално опишани во документот:
Правилник за општите барања за компетентност на телата за оцена на сообразност (P04)
Телото за оцена на сообразност кое сака да биде акредитирано од страна на ИАРМ, мора да ги исполни барањата наведени во серијата на стандарди ЕN 45000 или EN ISO/IEC 17000.
Сите стандарди бараат телото за оцена на сообразност да располага со документација која го појаснува нивниот правен идентитет, организација, систем за квалитет, контрола на документите, обучен персонал, техничка обученост и способност, постапки за работа, соодветни записи и документите кои се издаваат.
- Лабораториите може да добијат акредитација за тестирањe или калибрациja, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 – Општи барања за компетентност на лаборатории за тестирање и лаборатории за калибрација. Стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 ги определува и барањата за давање мислење и интрепетација во извештаите од лабораторијта , иако ИАРМ за таа активност не нуди акредитација.
- Сертификационите тела може да добијат акредитација за сертификација на производи, системи за управување или лица.
- Телата за сертификација на производи може да добијат акредитација, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот MKС EN 45011 – Општи критериуми за сертификациски тела кои работат на сертифицирање на производи.
Телата за сертификација на производи издаваат сертификат за сообразност на производите со технички или други прописи, стандарди или технички спецификации и дозвола за употреба на знакот за сертификација од страна на производителот или друг добавувач. - Телата за сертификација на системи за управување може да добијат акредитација, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот Стандард МКС EN ISO/IEC 17021 – Оцена на сообразност – барања за телата кои изведуваат аудит и сертификација на системи за управување.
Телата за сертификација на системи за управување издаваат сертификат за сообразност на организации, кога нивниот систем за управување ги задоволува барањата на еден од стандардите (на пр. МКС EN ISO 9001, МКС EN ISO 14001, МКС EN ISO 22000, МКС EN ISO 27001). - Телата за сертификација на лица може да добијат акредитација, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот МКС EN ISO/IEC ISO 17024- општи критериуми за тела кои вршат сертификација на лица.
Телата за сертификација на лица ја потврдуваат оспособеноста на одреден поединец за извршување на одредена работа според технички или други прописи, стандарди или технички спецификации, со тоа што му издаваат сертификат за оспособеност. - Инспекциските тела може да добијат акредитација, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот МКС EN ISO/IEC 17020- Општи критериуми за работа на различни типови на тела кои изведуваат инспекција
Инспекциските тела врз основа на резултатите од тестирањето на производите, нивниот дизајн и употреба, процесот, производство и целокупната работа ја оценуваат нивната сообразност со одредени специфични или општи барања. По извршената инспекција, тие издаваат извештај или сертификат, во кои како задолжителен составен дел е изјавата за сообразност.