Статус на полноправна членка во ЕA

Институтот за акредитација на Република Македонија се стекна со статус на полноправна членка во Европската организација за акредитација (European co-operation for Accreditation) на 21 ноември 2007 година.

ЕА е непрофитна организација базирана на членство од страна на национално прифатените акредитациони тела кои е наоѓаат во географската територија на Европа. ЕА која дејствува како мрежа во која не постои конкуренција ги има следиве цели: 

  • Да придонесе кон елиминирање на техничките бариери кон трговската размена со постигнување на униформиран пристап на акредитација и услугите за оценување на сообразноста.
  • Да дава техничка поддршка на Европската Комисија и ЕФТА во имплементација на директивите и развој на заедничко препознатливи договори.
  • Да го промовира меѓународното признание на акредитацијата и акредитиационите услуги со одржување на стабилни и сигурни мултилатерални договори.

Заинтересирани или вклучени страни во работата на ЕА се:

  • тела за оценување на сообразноста (лаборатории, сертификациони и инспекциски тела);
  • Европската Комисија;
  • ЕФТА;
  • регулатори;
  • индустријата;
  • потрошувачите.

Нивните интереси се застапени преку членство во ЕА Советодавниот Одбор и ЕА Комитетите.За разлика од ИСО 9001 сертифицирањето, акредитацијата употребува критериуми и процедури посебно развиени за одредување на техничката способност. ИСО 9001 сертификатот покажува сообразност со барањата на стандардот, а акредитацијата покажува специфична техничка способност.