IAF

Меѓународниот акредитационен форум (IAF) е светска асоцијација на тела за акредитација и други тела кои се заинтересирани за проблематиката на оцената на сообра зност на системите за менаџмент, производите, услугите, персоналот и други слични програми на оцена на сообразноста. Негова примарна улога е да развие единст вен и светски препознатлив програм за оцена на сообразност, кој го намалува ризикот за бизнисот и неговите купувачи со тоа што обезбедува дека во акредитираните сертификати може да се има доверба. Акредитацијата им осигурува на корисниците доверба во независноста и компетенцијата на акредитираните тела. IAF членките акредитираат сертификациони тела што издаваат сертификати за сообразност кои потврдуваат дека системите за менаџмент, производите или персоналот се сообразни со определени стандарди.