ILAC

 Институтот за Акредитација на Република Македонија стана членка на International Laboratory Accreditation Cooperation ( ILAC ) на декември 2008 година. Станувањето на членка во ILAC за ИАРМ претставува потврда дека се задоволени меѓународно признатите критериуми за извршување на акредитационите активности, т.е. потврда дека ИАРМ работи согласно меѓународните стандарди. Акредитацијата овозможува да се донесат коректни и правилни одлуки при изборот на лабораторија која треба да изврши одредени испитувања. Таа овозможува лабораторијата да ја демонстрира својата компетентност, независност и способност да врши одредени испитувања.International Laboratory Accreditation Cooperation ( ILAC ) е интернационална организација на тела за акредитација кои вршат акредитација на лаборатории и инспекциски тела. Формирана е пред 30 години и има за цел да помогне во елиминирањето на техничките бариери во трговијата. Во моментов во неа членуваат тела за акредитација на повеќе од 70 економии и региони.Во 1977 година International Laboratory Accreditation Cooperation ( ILAC ) почнала да работи како конференција со цел да се развие меѓународната соработка на полето на трговијата. Се промовирала идејата на прифаќање на резултатите од тестирањето и калибрациите издадени од акредитираните лаборатории. Во 1996 година ILAC станала формална организација со повелба да се воспостави мрежа на договори за меѓусебно признавање на телата за акредитација. Меѓусебното признавање на телата за акредитација е со цел да се признаваат резултатите од тестирањето и калибрациите издадени од акредитираните лаборатории.Сега ILAC договорите се во сила и владите можат да ја користат предноста од нив при потпишување на трговските договори. Крајна цел на активностите на ILAC е резултатите од тестирањата и калибрациите добиени од акредитираните лаборатории да бидат признати и од владите и индустриите во другите земји, чии тела за акредитација не се членки на ILAC. На овој начин би се остварила идејата за слободна трговија т.е. идејата еден производ еднаш испитан да биде прифатен насекаде во светот.Станувањето членка во ILAC за ИАРМ претставува и обврска постојано да ги исполнува барањата на меѓународните стандарди, а со тоа и да ги организира своите акредитациони активности така што тие да бидат во функција на надминување на техничките бариери во трговијата.