Транзиционен период за МКС EN ISO/IEC 17025:2018
Како резултат на неодамнештото позитивно гласање на ILAC транзициониот период за новото издание на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018, кој е усвоен како дел на резолуцијата на Гемералното собрание на ILAC 20.15 (од ноември 2016 година) продолжен е од 30 ноември 2020 година на 1 јуни 2021 година. Ова продолжение е донесено за да може сите тела за акредитација и сите акредитирани лаборатории да ја остварат преостанатата транзиција на новото издание на стандардот во услови и ограничувања кои се наметнати како последица на глобалната пандемија на COVID-19.
Информации околу транзицијата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 се достапни на интернет страницата https://ilac.org/about-ilac/partnerships/international-partners/iso/