Од 16 до 26 октомври 2013 година, во Сеул, Јужна Кореа се одржа редовниот годишен состанок на International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC) и International Accreditation Forum (IAF), на кој свое учество имаше и Институтот за акредитација на Република Македонија како полноправен член на ILAC и потписник на ILAC-MRA договорот.
Учеството на состанокот е од особено значење за ИАРМ заради запознавање со новините во правилата за акредитација, резимирање на документите и одлуките донесени од членовите на ILAC во текот на годината, стекнување нови информациии и искуства од пракса преку размена на искуства со останатите учесници на состанокот, како особено важни елементи за одржување и надградување на системот за управување со квалитет.
Притоа од особено значење е имплементација на новите правила и процедури на ILAC/IAF во сите области на акредитација, а пред се во делот на развојот на нови шеми за акредитација.