На 29 септември 2009 година, Собранието на Република Македонија го усвои новиот Закон за акредитација.
Законот е усогласен со Регулативата (ЕЗ) бр. 765/2008 и Законот за установите. Воедно, со новиот закон се регулираат пофлексибилно областите кои се предмет на акредитација што овозможува развој на нови шеми за акредитација, jасно се регулира валидноста на сертификатот на акредитација, барањата за квалификации и компетенции на органите на управување, раководење и стручните работни тела на Институтот, со цел да се постигне усогласеност со стандардот МКС EN ISO/IEC 17011.
Новиот Закон за акредитација објавен е во Службен весник на Република Македонија бр.120 од 2 октомври 2009 година.