Во периодот од 7-9.04.2010 година, од страна на ИАРМ се организира тридневен Курс на тема „Имплементација на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 во лабораториите за тестирање и калибрација“. Курсот беше организиран во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ.
Курсот беше наменет за акредитираните тела, тела кои се во постапка на акредитација, како и телата кои имаат намера да поднесат пријава за акредитација до ИАРМ. Целта на курсот беше учесниците да се стекнат со знаења од областа на имплементирање на стандардот за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање МКС ISO/IEC 17025, процедурата за акредитација на ИАРМ, ако и начинот на спроведување на оцената и начинот на работа на ИАРМ. Со своите презентации за следливоста на мерењата, калибрација и одредување на мерната неодреденост, преставниците од Бирото за метрологија допринесоа за збогатување на програмата на курсот.
Беа вклучени учесници кои се редовно вработени во ИАРМ, учесници од факултетите (машински, фармацевтски, факултетот за ветеринарна медицина), претставници на веќе акредитирани лаборатории, како и претставници на лаборатории кои се подготвуваат за акредитација.
На крајот од обуката на сите учесници им беше доделен Сертификат за учество.
Од одржаниот курс за Телата за оцена на сообразност во просториите на ИАРМ