Последни новости

Информации за имплементација на новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17065:2012

 
Оцена на сообразност – Барања за телата за сертификација на производи, процеси и услуги

 

На 15ти септември 2012 година, ISO го објави новиот стандард ISO/IEC 17065:2012 “Оцена на сообразност – Барања за телата за сертификација на производи, процеси и услуги“, којшто го заменува стандардот MKС EN 45011 : 2006 “Oпшти критериуми за сертификациски тела кои работат на сертифицирање на производи“.

 

Согласно Резолуцијата на Генералното Собрание на ИАФ (Меѓународниот акредитационен форум) транзициониот период на стандардот е 3 (три) години и завршува на 15 ти септември 2015 година.

 

ИАРМ, согласно “Процедурата за промена на барањата за акредитација“ – ПР 04-01, подготви акционен план за имплементација на промените на барањата за акредитација, согласно новиот стандард.

 

Според планот, ИАРМ ќе отпочне со оцена по новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17065:2012, на барање на клиент од 1 ви јануари 2014, а од 1 ви јули 2014 година сите оценувања ќе се вршат согласно новиот стандард.