Последни новости

Меѓународна конференција ,,Квалитет и компетентност 2013”

Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) во соработка со  Македонското здружение на лаборатории (МАКЛАБ), организира меѓународна конференција на тема ,,Квалитет и компетентност 2013”.
 
Заедничката организација на Конференцијата е во рамките на воспоставената стручна соработка помеѓу ИАРМ и МАКЛАБ.
 
Врз основа на зацртаните принципи и цели на соработката, се одбрани и тематските целини на оваа конференција кои имаат за цел развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела, преку презентирање на теми значајни за лабораториската пракса и размена на искуства помеѓу лабораториите, инспекциските тела и институциите од регионот и пошироко.
 
Во рамките на настанот, ИАРМ го организира и одржувањето на редовната Регионална средба на телата за акредитација. Средбата се организира врз основа на Договорите за билатерална соработка на националните тела за акредитација од регионот. Тркалезната маса, како посебна тематска целина на Конференцијата, на која ќе се дискутира по прашања за меѓусебната соработка на националните тела за акредитација, ќе се одржи на 14 јуни 2013 година.
 
Конференцијата ,,Квалитет и компетентност 2013” ќе се одржи од 13-15 јуни 2013г., во хотел Метропол, Охрид, Република Македонија.
 
Заинтересираните лица, на Конференцијата можат да учествуваат и со презентација на трудови од своја област.

По тој повод, Ве покануваме да земете учество на Конференцијата, а подетални информации за организацијата дадени се во Поканата и Пријавата за учество, достапни на интернет страната на ИАРМ и интернет страната на МАКЛАБ: www.maklab.org.com

 

ПОКАНА
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО