Во рамките на Регионалниот проект “Промоција на регионалната соработка во југоисточна Европа на полето на инфраструктурата на квалитет“, во периодот од 08-10 мај 2013г. во Скопје, ИАРМ во соработка со ПТБ ( Германскиот институт за метрологија) организираше обука на тема “ЕУ Органско производство – Критериуми за акредитација од страна на националните тела за акредитација“.
Обуката ја отвори Директорот на Институтот за акредитација на Република Македонија, Д-р Трпе Ристоски. Предавач на оваа обука беше г-ѓица Јута Кравинкел претставник на GfRS (Друштво за заштита на ресурси од Германија) и истовремено оценувач во националното тело за акредитација на Германија (DAkkS).
На обуката учествуваа претставници на националните тела за акредитација од: Македонија (ИАРМ), Србија (АТС), Црна Гора (АТЦГ), Албанија (ДА), Косово (ДАК) и Турција (ТУРКАК), претставници од релевантните државни институции од земјите на југоисточна Европа, како и претставници на сертификациони тела од органскиот сектор.
Цел на обуката беше: Информирање и надградба на капацитетите на учесниците во врска со ЕУ Регулативата за органско земјоделство 834/2007 и нејзините правила за спроведување, правила за увоз на органски производи од трети земји, акредитација и надзор на контролни тела по стандардот EN 45011 / ISO 65 во опсегот органско земјоделство, како и презентирање на предизвиците и можностите за телата за акредитација кои се вклучени во акредитација на органско земјоделско производство.
На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.

