Обука за оценувачи

На 20 декември 2011 година, ИАРМ организираше обука за оценувачи на следниве теми: адекватноста на сертификатите за калибрација, улогата на оценувачите во процедурата за оценување, измени во документите на ИАРМ за употребата на знакот за акредитација, меѓулабораториски споредби и ПТ шеми, следливост, градација на несообразности и новата процедура за флексибилен опсег.

Предавачи на обуката беа: Теодора Ташевска – раководител на сектор за акредитација на лаборатории, Драган Велевски – менаџер за квалитет на ИАРМ, Наташа Несторовска-Спасовска – раководител на одделение за акредитација на сертификациски тела во ИАРМ, м-р Данчо Пендовски – раководител на сектор за калибрации во Бирото за метрологија и Бети Вуковојац – советник во Лабораторија за референтни материјали во Бирото за метрологија.
Цел на обуката беше учесниците да бидат информирани и да ги надградат своите знаења во врска со најновите промени на некои од документите на ИАРМ за да истите ги применуваат при спроведување на оценките во постапките за акредитирање. Посебен акцент беше даден на надградба на знаењата на техничките оценувачи, кои вршат оценки во инспекциски и сертификациски тела и лаборатории за тестирање и калибрација, во врска со начинот на контрола на сертификатите за калибрација за мерните инструменти кои се користат во претходно споменатите тела.  
На учесниците на обуката им беа доделени соодветни Сертификати.