Под мотото ,,Акредитацијата: Олеснување на светската трговија“, на 10 јуни 2013 година во хотелот Холидеј Ин, Институтот за акредитација на Република Македонија со пригодна свеченост ги одбележа првата деценија од своето основање 2003-2013 и Светскиот ден на акредитацијата.
На настанот присуствуваа бројни гости, претставници на Владата на Република Македонија, на виосокообразовните институции, претставници на Акредитациското тело на Црна Гора, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
Поздравни обраќања имаа:
– м-р Владимир Пешевски, Заменик Претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања,
– проф. д-р Велимир Стојковски, Ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
– м-р Борче Размоски, Претседател на Советот на ИАРМ,
– д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ.
– м-р Борче Размоски, Претседател на Советот на ИАРМ,
Во рамки на свеченоста беше промовиран и Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2012 година. Покрај редовните содржини, Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2012 година содржи и краток осврт на првиот децениски развој на Институтот за акредитација на Република Македонија.
Традиционално, свеченоста беше заокружена со официјално доделување на сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2012 – јуни 2013 година.