На 9-ти јуни 2010, во Клубот на пратеници, Институтот за акредитација на Република Македонија организираше свеченост по повод светскиот ден на акредитацијата.
Овој ден претставува глобална иницијатива, основана од страна на ИАФ – Меѓународниот форум за акредитација и ИЛАК – Меѓународната соработка за акредитација на лаборатории, со цел да се подигне свеста за важноста на акредитацијата и придобивките од оваа активност.
Со краток поздравен говор, настанот го отвори заменик претседателот на Советот на ИАРМ, проф. Д-р Цветан Гавровски, а директорот на ИАРМ, Д-р Трпе Ристоски ги презентираше реализираните активности на Институтот за 2009 година. Воедно, во рамките на оваа свеченост беа доделени деветнаесет Сертификати за акредитација на телата акредититирани во периодот од 01 април 2009 до 31 мај 2010 година.
Покрај претставници од акредитираните тела, на настанот присуствуваа и претставници од министерствата, стопанските субјекти и други државни органи.