Одржана регионална коференција за акредитација 28-29 Септември, 2011 година, х. Тино, Охрид Македонија

На 28 и 29 септември 2011година во Охрид, во организација на Институтот за акредитација на Република Македонија се одржа Регионална конференција за акредитација.
Настанот го отвори директорот на Институтот за акредитација на Република Македонија Д-р Трпе Ристоски кој говореше за постигнатите резултати на ИАРМ во изминатата година, како и за значењето на акредитацијата како важна алатка и поддршка на работата на регулаторите. Исто така, активно учество на Конференцијата зедоа и останатите учесници – претставниците на Националните тела за акредитација на земјите од регионот (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Албанија), како и Irena Vasaitiene – Тим Лидер на IPA-National project која говореше за досегашната реализиција на Проектот “Техничка поддрршка за изградба на капацитетите на ИАРМ” и претставникот од IPA-regional project David Norris кој говореше за  “Квалитетот на инфраструктурата во Западен Балкан и Турција”. Исто така, со посебно излагање на темата “Националното законодавство за слободно движење на стоките” учество зеде и претставникот од Министерството за економија.

Официјалниот дел од Конференцијата заврши со обраќање на присутните на директорот на ИАРМ д-р Трпе Ристоски