Промоција на потпишувањето на Договорот за взаемно признавање на резултатите од акредитациите со Европската организација за акредитација (ЕА)

Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Сојузот на стопанските комори на Мaкeдонија на 17 Мај 2012 година, во хотелот Холидеј Ин, организираше прес конференција со цел Промоција на потпишувањето на Договорот за взаемно признавање на резултатите од акредитациите со Европската организација за акредитација (ЕА).

    На конференцијата учествуваа:

  • г-дин Валон Сарачини, Министер за економија,
  • г-дин Анче Трифунов, Државен секретар во Министерството за економија,
  • г-дин Златко Калеников, Претседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија,
  • м-р Борче Размоски, Претседател на Советот на Институтот за акредитација на Република Македонија и
  • д-р Трпе Ристоски, Директор на Институтот за акредитација на Република Македонија.
 
Исто така на конференцијата присуствуваа претставници на државни органи, членките на Сојузот на стопанските комори, како и акредитираните тела за оцена на сообразност.
 
На конференцијата беше соопштено декаKомитетот за мултилатерални договори на ЕА, (Копенхаген, 18-19 април 2012г.) донесе одлука ИАРМ да стане потписник на Договорот за взаемно признавање на акредитациите со Европската организација за акредитација (ЕА).
Со потпишувањето на овој Договор се овозможува доделените сертификати за акредитација од ИАРМ (лаборатории за тестирање, лаборатории за калибрација, инспекција и сертификација на производи) да се признаваат насекаде во Европа и пошироко. Ова ќе им овозможи на македонските компании еднаков третман со европските компании на пазарите во Европа и пошироко. Договорот за признавање на сертификатите за акредитација всушност значи елиминирање на техничките бариери во трговијата при размена на македонските и европските производи. Од овие причини овој Договор уште се нарекува и “пасош за трговијата“ кој македонските компании веќе го добија.
Најголема корист од овој Договор ќе имаат македонските извозно ориентирани компании, пред се прехрамбената индустрија, исто така и градежната индустрија, сите гранки од областа на машинството, заштитата на животната средина, испитување на лекови, медицински лаборатории и др.

Воедно, потпишувањето на овој Договор претставува значајно унапредување во евроинтегративните процеси на Република Македонија.