Во периодот од 15-16.11.2010 година, ИАРМ во соработка со Германскиот институт за метрологија PTB организира дводневен семинар за технички оценувачи од областа на животна средина, Семинар за земање на примероци од животната средина и тоа за земање на примероци од почва, вода како и гасови од почва. Обуката беше организирана во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ и е дел од проектот на РТВ за регионална соработка на земјите од Југоисточна Европа.
Учесници на семинарот беа оценувачи, кандидати за оценувачи и експерти од областа на животната средина од телата за акредитација на Србија, Црна Гора, Албанија, Косово како и оценувачи и експерти од областа на животната средина кои ги користи ИАРМ.
Како предавач на обуката беше Торстен Шпиргат, експерт од Германија од областа на земање на примероци од животната средина и тоа земање на примероци од почва и од вода.
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за стандардите, начинот ма земање на примероци од животната средина, опремата за земање на примероци, мерната неодреденост при земањето на примероци од животната средина, како и начинот на оценување на земање на примероци од животната средина.
На крајот на обуката на сите учесници кои редовно присуствуваа на обуката им беше доделен Сертификат за учество. Овој сертификат, како и знаењата стекнати во текот на обуката, на учесниците им овозможува да бидат ангажирани како технички оценувачи во телата за акредитација во своите земји, а исто така можат да го пренесат своето знаење на телата за оцена на сообразност кои сакаат да се акредитираат за земање на примероци од животната средина.