ИАРМ потпиша договор за соработка со институтот за акредитација на Босна и Херцеговина (БАТА)

 Институтот за акредитација на Република Македонија на 23 февруари 2010 година, во Сараево, потпиша Договор за соработка во областа на акредитацијата со Институтот за акредитација на Босна и Херцеговина (БАТА).

Договорот опфаќа соработка и размена на информации од областа на акредитацијата меѓу двете институции, постапувајќи според принципите и нормите кои ги усвоиле европските и меѓународните организации во оваа област.
Во рамките на овој договор, ИАРМ и БАТА ќе соработуваат во областа на акредитацијата на лаборатории за тестирање и калибрација, инпекциски тела и сертификациони тела за производи, лица и системи за управување. Соработката ќе биде реализирана преку размена на информации за активностите и документацијата во областа на акредитацијата, заедничко организирање на семинари и конференции заемна обука на кадри, размена на оценувачи и технички експерти регистрирани кај двете институции, со цел на запознавање на процесот на акредитација на лице место, спроведување на заедничко оценување и заедничко учествување на организциите од Република Македонија и Босна и Херцеговина во меѓулабораториските споредби.
Потпишувањето на овој договор ќе обезбеди постојана соработка помеѓу Институтот за акредитација на Република Македонија и Институтот за акредитација на Босна и Херцеговина, со цел хармонизација на процесот на акредитација во регионот преку активно учество на двете акредитациони тела во унапредување на процесот на акредитација во двете земји.

 Од потпишувањето на Договорот со Институтот за акредитација на Босна и Херцеговина