Поднесена Aпликација за MLA

 

Со стекнување на статусот полноправно членство во ЕА, Институтот за акредитација на Република Македонија пред себе постави нова визија, потпишување на договор за меѓусебно признавање на резултатите во рамките на ЕА (Multi Lateral Agreement-MLA). Во остварување на својата визија, ИАРМ поднесе апликација на 11.02.2009 година за потпишување на MLA договор за областите лабораторија за тестирање, инспекција и сертификација на производи.

 

Една од главните цели за потпишување на овој договор е поддршка и промоција на меѓусебно признавање на акредитациите и резултатите од оцената на сообразност што е од особена важност за развојот на економијата во Република Македонија и елиминација на техничките бариери во трговијата на европско ниво. ИАРМ останува со надеж дека апликацијата ќе биде позитивно решена со што ќе се овозможи целосно прифаќање на македонските извештаи од тестирање, инспекција и сертификација на пазарот на ЕУ. Пред да поднесе Апликација за MLA, ИАРМ изврши измена на 
1. 12 Правилници
(Р 02, Р 03, Р 04, Р 05, Р 06, Р 09-1, Р 09-2, Р 10, Р 11, Р 12, Р 13 и Р 14) и

2. 19 Процедури
(ПР 01-01, ПР 02-01, ПР 02-02, ПР 02-03, ПР 02-04, ПР 03-01, ПР 03-02, ПР 03-03, ПР 03-04, ПР 04-01, ПР 05-01, ПР 05-02, ПР 05-03, ПР 05-04, ПР 05-05, ПР 06-01, ПР 07-01, ПР 09-01 и ПР 10-01)

Истите се одобрени од страна на Советот и Директорот и се истакнати на званичната
Web страница на ИАРМ.