ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ILAC-MRA ЗНАКОТ

На 22 јуни, 2015 година, потпишан e ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ILAC-MRA ЗНАКОТ помеѓу International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC) и Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ).
Со овој договор ILAC дава одобрение на ИАРМ, како потписник на Договорот за меѓусебно признавање со ILAC (MRA), за користење на ILAC MRA знакот, согласно условите предвидени со овој Договор и според документот ILAC-R7 Правила за користење на ILAC MRA знак. ILAC дава одобрение на ИАРМ да го користи комбинираниот ILAC MRA знак, согласно со одредбите утврдени во ILAC-R7.
Со потпишувањето на овој договор, ИАРМ може да дава дозвола на своите акредитираните тела за оцена на сообразност (ТОС) да го користат комбинираниот ILAC MRA знак за акредитирани тела, согласно со одредбите утврдени во ILAC-R7.
Акредитираните ТОС што сакаат да го употребуваат комбинираниот ILAC MRA знак за акредитирани тела, мора да побараат дозвола од ИАРМ.