Последни новости

ИАРМ потписник на IAF MLA за сертификациони тела за производи, процеси и услуги

На 5.ноември, 2015 година, во рамките на годишниот состанок на IAF-ILAC, кој се одржа во Милано, ИАРМ како член на IAF, го потпиша Договорот за меѓусебно признавање на резултатите на сертификационите тела за производи, процеси и услуги, IAF MLA
Како резултат на евалуацијата на ИАРМ од ЕА тимот за евалуација (peer evaluation), ИАРМ покрај другото е проценет како компетентно акредитационо тело за акредитација на сертификациони тела за производи, процеси и услуги.
Со потпишувањето на овој Договор се зголемува прифаќањето на производите и услуги преку националната граница, а со тоа се овозможува создавање на рамка за поддршка на меѓународната трговија, преку отстранување на техничките бариери.