ИАРМ потписник на ILAC MRA и за медицински лаборатории

На 5.ноември, 2015 година, во рамките на годишниот состанок на IAF-ILAC, кој се одржа во Милано, ИАРМ, како член на ILAC, го потпиша и Договорот за меѓусебно признавање на резултатите на акредитираните медицински лаборатории, ILAC MRA.

Досега ИАРМ беше потписник на ILAC MRA за:
– Лаборатории за тестирање,
– Лаборатории за калибрација и
– Инспекциски тела

Како резултат на евалуацијата на ИАРМ од ЕА тимот за евалуација (peer evaluation) ИАРМ, покрај другото е проценет како компетентно акредитационо тело за акредитација на медицински лаборатории и со тоа е обезбедено проширување на договорот за областа медицински лаборатории.
Како резултат на потпишаниот ILAC MRA договор, извештаите издадени од акредитираните медицински лаборатории од страна на ИАРМ ќе бидат признаени ширум светот.