ISO / IEC 17021-1 2015 година е објавен на 8 ми јуни 2015 година.
ISO / IEC 17021-1: 2015 ќе го замени ISO/IEC 17021:2011 и сите акредитирани тела за сертификација на системи за управување ќе треба да ги имплементираат промените во рамките на нивните системи за управување и процеси, со цел да го задржат статусот на акредитирано тело од страна на ИАРМ.
Согласно Резолуцијата на Генералното Собрание на IAF (Меѓународниот акредитационен форум) транзициониот период на стандардот е 2 (две) години.
Ова значи дека сите тела за сертификација на системи за управување, ќе треба успешно да се префрлат на новиот стандард во рок од 2 години од денот на објавувањето, кој завршува на 8 ми Јуни 2017 година.
IAF информативен документ ID11 предвидува дополнителни информации:
http://www.iaf.nu/upFiles/IAFID11_ISO170211TransitionPublicationVersion06032015.pdf
ИАРМ ќе ја оцени имплементацијата на новиот стандард на сите акредитирани сертификациони тела, почнувајќи од 1ви април 2016 година, до 31ви март 2017, како дел од редовната годишна посета.
Според процедурата ПР 04-01 “Промена на барањата за акредитација”, ИАРМ подготви акционен план за спроведување на промени во барањата за акредитација, во рамките на новиот стандард.
Според планот, ИАРМ ќе започне со оценки според новиот стандард ISO / IEC 17021-1: 2015 на барање на клиенти од 1 ви декември, 2015 година, а од 1 ви април 2016 година сите иницијални оценки ќе се спроведуваат согласно барањата на стандардот ISO / IEC 17021-1: 2015.