Последни новости

Обука за оценувачи за акредитација на медицински лаборатории

 
Со цел формирање на пул на оценувачи за медицински лаборатории, Институтот за акредитација на Република Македонија на ден 23.04.2015 година одржа обука за оценувачи за стандардот MKC EN ISO 15189:2013, Медицински лаборатории – посебни барања за квалитет и компетентност.
Предавачи на обуката беа водечки оценувачи од редот на вработените во ИАРМ, како и технички оценувачи вклучени во акредитациските постапки. Учесници на обуката беа експерти од областа и технички оценувачи од Листата на оценувачи на ИАРМ.
Целта на обуката беше учесниците да се запознаат со барањата на стандардот, неговата практична примена, како и размена на искуства и мислења во проблематиката.