Под мотото ,,Акредитацијата: Поддршка во обезбедување на здравствена и социјална заштита“, на 09 јуни 2015 година во хотелот Континентал, Институтот за акредитација на Република Македонија со пригодна свеченост го одбележа Светскиот ден на акредитацијата.
На настанот и годинава присуствуваа бројни гости – претставници на: Владата на Република Македонија, на виосокообразовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
Поздравни обраќања имаа:
– г-дин Беким Незири, министер за економија во Владата на Република Македонија,
– проф. д-р Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје,
– проф. д-р Анита Грозданов, заменик-претседател на Советот на ИАРМ и
– д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ.
– проф. д-р Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје,
– проф. д-р Анита Грозданов, заменик-претседател на Советот на ИАРМ и
– д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ.
Во рамки на свеченоста беа промовирани: Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2014 година, како и наменски издадената брошура на тематика на годинешново мото.
Традиционално, на свеченоста беа официјално врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2014 – мај 2015 година.