Одбележан ,,Светскиот ден на акредитацијата”

Одбележан “Светскиот ден на акредитацијата”
Со пригодна свеченост на 09 јуни 2016 година, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) го одбележа Светскиот ден на аредитацијата.
На настанот, кој беше организиран под мотото ,,Акредитацијата: Глобална алатка за поддршка на работата на јавниот сектор“, се обратија:
– г-ѓа Марта Томовска-Арсовска, министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија
– -ѓа Анита Грозданов, заменик-претседател на Советот на ИАРМ и
– г-дин Трпе Ристоски, директор на ИАРМ.
Пред бројните гости – претставници на јавниот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари беше промовиран “Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2015 година“ и брошура на тематика на годинешното мото, а беа врачени и сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2015 – мај 2016 година.

 

Со почит од ИАРМ