На 28 јануари 2016 година, во хотел Опера Хаус во Скопје, се одржа завршната Работилница во рамки на Проектот “Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија во Република Македонија – согледувања и препораки“.
На работилницата беа поканети претставници на стопанските субјекти и сертификациските тела од Република Македонија.
На Работилницата тематски излагања имаа директорот на Институтот за акредитација на Република Македонија, д-р Трпе Ристоски, Раководителот на одделение за акредитација на сертификациони тела, Наташа Несторовска Спасовска и проф. д-р Виолета Чепујноска.
Тие во своите излагања ги презентираа сублимираните заклучоците што произлегоа од Проектот во врска со ефективната имплементираност на системите за управување со квалитет во стопанските субјекти. Проф. д-р Виолета Чепујноска имаше посебен стручен осврт на согледаните состојби во индустриската практика и препораки за надминување на истите.