Последни новости

Одржана Тркалезна маса во рамки на Проектот на ИАРМ за соработка со јавниот сектор во врска со работата на акредитираните лаборатории

На 15 септември 2016г. во просториите на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) се одржа првата Тркалезна маса во рамки на Проектот на ИАРМ за соработка со јавниот сектор во врска со работата на акредитираните лаборатории, наменета за вработените од јавниот сектор.
Имено, за учество на Тркалезната маса беа поканети претставници од јавниот сектор каде во работниот процес се сретнуваат со акредитацијата, односно акредитирани лаборатории за тестирање, калибрација и медицински лаборатории, од следниве институции: Царинска управа на РМ – Одделение за царинска лабораторија, ЈЗУ УИ ПЕТ Центар, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за одбрана, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенција за лекови, Агенција за храна и ветеринарство, Дирекција за радијациона сигурност, Агенција за електронски комуникации, Државен испекторат за градежништво и урбанизам, Државен пазарен инспекторат, Државен испекторат за техничка инспекција и Биро за метрологија.
На настанот преку стручни презентации и плодна дискусија беа обработени прашања за правилен пристап, третман и процена на значењето на акредитацијата од аспект на вршење на дејностите и овластувањата на јавниот сектор при примена на прописи во кои акредитацијата се пропишува како задолжителен услов за добивање на одредени овластувања за работа во т.н. регулирана област и во нерегулираната област, во која акредитацијата се изведува на доброволно барање на корисниците на услуга.
Примарна цел е соодветна имплементација на националната регулатива во врска со барањата за акредитација, осбено во длелот на траснпонираното евроспко законодавство, како и правилно ползување на придобивките од акредитацијата, што е од повеќестрано значење, и тоа како за: правилно и законито работење на јавниот сектор, правилен пристап и третман на документите издадени од акредитирани тела за оцена на сообразност, така и за крајните корисници на услугите-граѓаните и компаниите.
Оттука, очекуваниот ефект е придонес на ИАРМ за обезбедување на непречено функцинирање на врската на релација: стопанство – органи на извршна власт, и подобрување на ефективноста, ефикасноста и рационалноста во работата на јавните служби.
Следната Тркалезна маса на која ќе се обработуваат прашања поврзани со работата на акредитираните сеертификациски тела ќе се одржи на 13 октомври 2016г. во просториите на ИАРМ.

 

Со почит од ИАРМ