Препорака до договорни органи

Почитувани,
 
Бирото за јавни набавки, во рамки на активностите предвидени во Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2014-2016 година, на 15 јули 2015 година во своите простории, одржа заеднички работен состанок со Центарот за граѓански комуникации, претставници од Работната група за спроведување на Акцискиот план за транспарентност на договорните органи во однос на спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки. На состанокот учествуваа и претставници од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и претставници од Министерството за финансии, Град Скопје и ЕЛЕМ АД Скопје, како поголеми договорни органи.
 
По одржувањето на состанокот, произлезе потребата на договорните органи во Република Македонија да им се препорача одредени податоци кои се поврзани со постапките за доделување на договори за јавни набавки да се направат јавно достапни на своите веб – страни, со цел на граѓаните, невладините организации, медиумите и целокупната јавност да им бидат подостапни ваквите податоци и воедно за да се зголеми транспарентноста при спроведувањето на овие постапки.
Според тоа, а имајќи го во предвид договореното на горенаведениот состанок, Бирото за јавни набавки ја дава следната препорака:
Договорните органи, наведени во член 4 од Законот за јавните набавки, започнувајќи од 01.01.2016 година да ги објавуваат, односно да овозможат пристап на своите веб – страни, следните податоци од спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки:
  • Објавување на План за јавни набавки, како и измените и дополнувањата на Планот во текот на годината;
  • Објавување на огласот – поставување линк до огласот кој е објавен на ЕСЈН;
  • Објавување на известување за склучен договор – поставување линк до известувањето на ЕСЈН; и
  • Објавување на известување за реализиран договор – пополнување на ваквото известување на ЕСЈН и поставуавње на линк за пристап до истото.
Со почит,
Биро за јавни набавки