Проект на ИАРМ за соработка со јавниот сектор

Почитувани,
 
Согласно Годишната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) за 2016 г. во периодот септември/октомври 2016 година во организација на ИАРМ ќе се реализира планираниот Проект за интензивирање на соработката со институциите од јавниот сектор во Република Македонија.
 
Имено, ИАРМ како единствено национално тело за акредитација, покрај основната дејност – акредитација на тела за оцена на сообразност, на општествено поле од заеднички интерес делува и преку организирање на делува на работни средби/работилници/обуки, со директни и индиректни корисници на услуги на ИАРМ.
 
Оттука, во рамки на планираниот Проект, за учество на тематски тркалезни маси се покануваат претставници/вработени во јавниот сектор кои во работниот процес се сретнуваат со акредитацијата.
 
Тематските цели на овие настани ќе бидат во правец на анализа на прашања на правилен пристап, третман и процена на значењето на акредитацијата од аспект на вршење на дејностите, овластувањата на јавниот сектор, особено на работата на инспекциските служби, но и на другите државни органи кои во својата работа применуваат прописи во кои акредитацијата се пропишува како задолжителен услов за добивање на одредени овластувања за работа во т.н. регулирана област и во нерегулираната област, во која акредитацијата се изведува на доброволно барање на корисниците на услуга.
 
Примарна цел е соодветна имплементација на националната регулатива во врска со барањата за акредитација, како и правилно ползување на придобивките од акредитацијата.
 
Очекуваниот ефект е обезбедување на непречено функцинирање на врската на релација: стопанство – органи на извршна власт, и подобрување на ефективноста, ефикасноста и рационалноста во работата на јавните служби.
 
Реализацијата на Проектот се совпаѓа и со годишнешното мото на меѓународните организаци за акредитација ILAC и IAF, под кое се одбележа Светскиот ден на акредитацијата: Акредитацијата: Поддршка на работата на јавниот сектор. Ова глобално мото ја потенцира улогата што акредитацијата ја има во областа на креирање и спроведување на политиките на управување, работење и давање на услуги во јавниот сектор.
 
Настанот е во целосна организација на ИАРМ и истиот ќе се одржи во просториите на службеното седиште на Институтот, Кеј Димитар Влахов бр.4, зграда 2, кат 3, согласно утврдената програма и распоред за учество.
 
Со почит од ИАРМ