Почитувани,
Под глобалното мото ,,Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија” и оваа година на 09 јуни Институтот за акредитација на Република Македонија со пригодна свеченост ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.
Воедно, во рамки на оваа пригода, свечено ќе бидат доделени Сертификатите за акредитација на телата акредитирани во периодот јуни 2013 – мај 2014 година.
Настанот ќе се одржи на ден 09 јуни 2014 г. во хотел Холидеј Ин, сала Милениум 1, во периодот од 10.00-12.00 часот.
Со почит од ИАРМ