Почитувани,
Институтот за акредитација на Република Македонија, како единствено национално тело за акредитација, и годинава свечено ќе го одбележи Светскиот ден на аредитацијата.
Настанот ќе се одржи на 09 јуни 2017 година под глобалното мото ,,Акредитација: Обезбедување на доверба во градежништвото и изградената животна средина“.
Во контекст на годинашново мото, покрај домаќинот, поздравни обраќања на настанот ќе имаат и: г-дин Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Република Македонија и г-дин Миле Димитровски, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Како и секоја година и годинава се очекува присуство на бројни гости – претставници на градежниот сектор, јавниот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
Во рамки на свеченоста ќе биде промовиран “Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2016 година“ и официјално ќе бидат врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2016 – мај 2017 година.
Свеченоста ќе се одржи на ден 09 јуни 2017 година во хотел Континентал-Кристална сала, со почеток во 10.00 часот.
Со почит од ИАРМ