Во рамките на потпишаниот Меморандум за разбирање со Федералната служба за акредитација на Руската Федерација (Russaccreditation), Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) оствари работна посета на Russacreditation во Москва во периодот од 11-15.06.2017 година и зема учество на семинарот
„Имплементација на политиката за следливост на мерните резултати ILAC-P 10:01/2013 во лабораториите за тестирање во согласност со барањата на стандардот ISO/IEC 17025:2006”.
На овој семинар со свои излагања учествуваа директорот на ИАРМ д-р Трпе Ристоски на тема „Инфраструктурата за квалитет и акредитација на лаборатории за тестирање во согласност со ISO/IEC 17025 во Европа и Македонија“ и менаџерот за квалитет Драган Велевски на тема „Политиката за следливост во согласност со ILAC документот P10: 01/2013 и нејзината имплементација во политиката на ИАРМ“.
Учесници на семинарот беа 30-тина вработени и оценувачи од Руската акредитација, како и претставници од Тела за оцена на сообразност.
Воедно, посетата беше искористена и за размена на ускуства од областа на законодавството и постапките за акредитација помеѓу двете институции.