ИАРМ одржа курс на тема „Имплементација на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2006 за тела кои вршат инспекција“

Во периодот од 28-30.06.2010 година, од страна на ИАРМ се организира тридневен  Курс на тема „Имплементација на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2006 за тела кои вршат инспекција“. Курсот беше организиран во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ.
Курсот беше наменет за акредитираните тела, тела кои се во постапка на акредитација, како и телата кои имаат намера да поднесат пријава за акредитација до ИАРМ. Целта на курсот беше учесниците да се стекнат со знаења од областа на имплементирање на стандардот за акредитација на тела кои вршат инспекција МКС EN ISO/IEC 17020:2006, процедурата за акредитација на ИАРМ, како и начинот на спроведување на оцената и начинот на работа на ИАРМ.
Беа вклучени учесници кои се редовно вработени во ИАРМ, претставници на веќе акредитирани инспекциски тела, како и претставници на тела кои вршат инспекција кои се подготвуваат за акредитација.

На крајот од обуката на сите учесници им беше доделен Сертификат за учество.