Последни новости

Обука за технички оценувачи за ,,Земање на примероци од почва”

На 14 декември 2011 година, во организација на ИАРМ и националниот проект ИПА-2008, се одржа еднодневна обука за технички оценувачи од областа на животната средина и градежништвото на тема ,,Земање примероци од почва”. Предавач на обуката беше д-р Торстен Шпиргат – експерт од Германија од областа на земање на примероци од животната средина и тоа земање на примероци од почва и вода.

Целта на обуката беше учесниците да ги надградат своите знаења за стандардите и начинот на земање на примероци од почва.