Последни новости

Обука „Оцена на следливоста на мерењата во лаборатории за тестирање“

Во периодот од 4-6.10.2011 година, ИАРМ во соработка со Германскиот институт за метрологија PTB  организира тродневна обука  „Оцена на следливоста на мерењата во лаборатории за тестирање“. Обуката беше организирана во просториите на Хотел „Карпош“ и е дел од проектот на РТВ за регионална соработка на земјите од Југоисточна Европа.
Учесници на семинарот беа оценувачи, кандидати за оценувачи и експерти од телата за акредитација на Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија.
Како предавач на обуката беше Томас Шлутер, водечки и технички оценувач  од Германија.
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за оцена на следливоста на мерењата во лабораториите за тестирање, начинот на обезбедување на мерната следливост, беа презентирани барањата на Упатството ILAC-G8:03/2009 и ILAC-G24, стандардот ISO 14253-1:1998, кои се барањата за екстерна калибрација, начинот на изведба на интерните калибрации и нивна оцена од страна на тимот за оцена.

На крајот на обуката на сите учесници кои редовно присуствуваа на обуката им беше доделен Сертификат за учество. Знаењата стекнати во текот на обуката, на учесниците им овозможува разрешување на некои прашања од областа на калибрација на мерната опрема во лабораториите за тестирање, како таа се оценува, на кој начин може да се врши интерната калибрација и како ги задоволува барањата од Стандардот ISO/IEC 17025.