Одржана четвртата Меѓународна конференција за “Квалитет и компетентност 2019“

Во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела (МАКЛАБ) од 03 до 05 октомври 2019г., во хотел Силекс, Охрид, се одржа Меѓународната конференција на тема ,,Квалитет и компетентност 2019” на која Институтот за акредитација на Република Северна Македонија зема учество.Конференцијата, која по четврти пат беше организирана во земјава, очекувано предизвика широк интерес кај заинтересираните субјекти пред се кај лабораториите и инспекциските тела, но и кај државните институции и други субјекти-чинители за квалитет во земајава и регионот.

Настанот официјално беше отворен од страна на м-р Магдалена Трајковска Трпевска – Претседател на МАКЛАБ, а свои пленарни обраќања меѓу другите имаа Драган Велевски кој одржа поздравен говор од името на ИАРСМ и г-дин Давор Звиждиќ – Претседател на Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ.

 

  

Тематските целини на Конференцијата оваа година беа:

– Национална и европска законска рамка за обезбедување на квалитет

– Основни принципи и развојни трендови во лабораториите за тестирање,

калибрација и инспекциски тела, колку и како ги користиме модерните

технологии

– Промовирање на акредитацијата како потврда на квалитетот

– Квалитетот како имиџ на лабораториите за тестирање и калибрација,

инспекциските тела и телата за сертификација – Предизвици и решенија

– Тестирање и контрола во животната средина, индустријата и

земјоделството

– Улогата на лабораториите во развојот на стопанството.

Меѓу презентираните трудови се вбројува и трудот на Драган Велевски, М-р Сандра Костеска и Наташа Несторовска Спасовска на тема Улогата на акредитацијата во развојот на економијата”.

Посебна заинтересираност предизвика панел дискусијата на тема Транзиција во новиот стандард MKC EN ISO 17025:2018”, на која панелисти беа М-р Сандра Костеска претставник од ИАРСМ, Александар Николовски вработен во ЈП Водовод и канализација Скопје, кој зборуваше за своите искуства од процесот на транзиција во MKC EN ISO 17025:2018 во лабораторијата на ЈП водовод и каналзиација Скопје и Проф. д-р Трпе Ристоски, оценувач на ИАРСМ кој се произнесе за главните забелешки на оценувачите при транзција во новиот стандард.

Програма

Целта на Конференцијата е обезбедување придонес за развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела, лабораториската пракса и размена на искуства помеѓу лабораториите, инспекциските тела и институциите од регионот и пошироко и секако унапредување на севкупниот квалитет на живеење.