Обуката на далечина се организираше со цел да се подигне капацитетот на компетенциите на оценувачите и експертите кои се ангажираат од страна на ИАРСМ во процедурата за акредитација. На обуката се запознаа и хармонизираа со новите и изменетите правилници и процедури на ИАРСМ и истовремено го освежија своето знаење на веќе постоечките правилници и процедури на ИАРСМ.