На средбата одржана на 26.08.2022 година со Анета Арнаудовска, преставничка на антикорупциската иницијатива (РАИ), Славица Грковска заменик премиер на владата на Република Северна Македонија и професорот Гоце Наумовски од правниот факултет при УКИМ беа разговарани повеќе теми поврзани со антикорупциските политики и можноста од воведување на меѓународниот Стандард за спречување на корупција ISO 37001, кој е дизајниран со соодветни механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки за борба против корупција.
Доброто владеење во секоја институција вклучува демонстрација на одговорност и воспоставување на стандарди со кои ќе се унапреди системот на функционирање и ќе се зголеми квалитетот на работата на услугите.