Warning: Undefined array key "options" in /home/iarm/public_html/wp-content/plugins/elementor-pro/modules/theme-builder/widgets/site-logo.php on line 93

Резултати од анкетата за дигитална зрелост на ТОС

Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, како и сите национални тела за акредитација низ Европа, веќе подолго време е во процес на трансформација на работните процеси со цел нивно целосно дигитализирање како предуслов за транспарентност, ефикасност, брз административен одговор и обезбедување на поквалитетни услуги што ќе ги задоволат потребите на Телата за оцена на сообразност (ТОС).

Оваа активност несомнено ќе има ефект и врз работата на ТОС од аспект на електронска комуникација и обработка на податоците со Институтот во рамки на постапките за акредитација, бидејќи за истите се планира целосно дигитиализирање од поднесување на пријава за акредитација, па се до издавање на сертификат.

За таа цел спроведовме истражување кое е во организација на: BAM – Германскиот Сојузен Инстиутит за истражување и тестирање во соработка со Техничкиот универзитет во Берлин (претседавач за иновациска економија), Fraunhofer Институтот за системи и иновативни истражувања (ISI) и Универзитетот во Кантербери (Нов Зеланд), a истото претставува сеопфатна студија за дигитализација во секторот за оцена на сообразност. 

Резултатите од анкетата може да ги најдете на следниот линк: 

Резултати од анкета за дигитална спремност на ТОС