Последни новости

Oбука за хармонизација за оценувачи 01.03.2023

Ве информираме дека Институтот за акредитација на Република Северна Македонија организира ОБУКА ЗА ОЦЕНУВАЧИ И УСОГЛАСУВАЊЕ во однос на „Системот за квалитет на ИАРСМ согласно МКС EN ISO/IEC 17011:2018” која ќе се одржи на 01.03.2023 година.
Обуката се организира со цел да се подигне капацитетот на компетенциите на оценувачите и експертите кои се ангажираат од страна на ИАРСМ во процедурата за акредитација. На обуката ќе се запознаат и хармонизираат со новите и изменетите правилници и процедури на ИАРСМ и истовремено ќе го освежат своето знаење на веќе постоечките правилници и процедури на ИАРСМ. Барањата за една ваква обука се содржани во новата верзија на стандардот кои го имплементираат телата за акредитација МКС EN ISO/IEC 17011: 2018 „Оцена на сообразност – Општи барања за тела за акредитација кои што акредитираат тела за оцена на сообразност“.
Присуството на обуката е задолжително и ќе биде предуслов за Ваше понатамошно ангажирање во процедурата за акредитација на телата за оцена на сообразност. Секој учесник на обуката ќе се здобие со Сертификат.
Обуката за хармонизација ќе се изведе преку платформата Microsoft Teams за која оценувачите добија.

Сите оние кои се заинтересирани а не добија линк, контактирајте не и ќе ви испратиме.

Во прилог е прикачена  програмата за обуката.

ПРОГРАМА