На почетокот на месец декември 2022 година, ISO го објави четвртото ново издание на стандардот ISO 15189:2022 – Медицински лаборатории – Барања за квалитет и компетентност. Кон крајот на декември 2022 година, Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, ИСРСМ, го објави МКС EN ISO 15189:2022.
Преоднот период за примена на новото издание на стандардот е три години од датумот на објавување, односно декември 2025 година.
ИАРСМ, согласно ПР 04-01, Процедура за промена на барањата на акредитација, подготви план на активности за имплементација на барањата од новото издание. Согласно планот, ИАРСМ ќе започне со оценување по новиот стандард МКС EN ISO 15189:2022, на барање на клиент, од 1-ви јануари 2024 година, а од 1-ви јуни 2024 година, сите оценувања ќе се вршат согласно новиот стандард. Медицинските лаборатории, кај кои оценувањето по новото издание ќе се спроведе со редовното надзорно оценување, треба, исто така, да достават ажурирана Пријава за акредитација.